Дански производител го запре производството на пиво во Украина

Данскиот производител на пиво Карлсберг денеска го прекина производството во Украина.

Компанијата соопшти дека поради ескалацијата на конфликтот во таа земја престанала да работи во пиварниците во Киев и Запорожје, пренесува Ројтерс.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, утрово започна воена операција од „ограничен опсег“ во Украина, со која беше прогласена воена состојба и мобилизација.