Се очекува Apple да има неколку настани и најави за нови уреди во текот на 2022 година, а третата генерација на iPhone SE ќе биде меѓу првите кои ќе бидат претставени.
Новата верзија на телефонот iPhone SE ќе го замени моделот од 2020 година, а новиот извештај сугерира дека iPhone SE 3 ќе биде попристапен од неговиот претходник.
Аналитичарот Џон Донован дошол до информации дека iPhone SE 3 би можел да има почетна цена од 300 долари, што е поевтино од последниот SE модел кој чини 399 долари.
Од друга страна, аналитичарот Даниел Ајвс смета дека телефонот ќе ја задржи почетната цена од 399 долари, но не ја исклучува можноста за пониска цена.
Се очекува iPhone SE 3 да биде претставен на 8 март.