Русија денеска им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат рускиот воздушен простор како одмазда за санкциите што го засегаат рускиот авијациски сектор.
Меѓу компаниите на кои им е забрането да го користат рускиот воздушен простор се и оние од Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и од Канада, пренесува „Ројтерс“.
Европската Унија вчера одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони, а на таа одлука ѝ се приклучија и други земји, кои не се членки на Унијата.











