Криптовалути се во зелено, а некои пораснаа за над 20%

По вчерашниот пад на пазарот на криптовалути, утрово има сосема спротивен тренд. Речиси сите криптовалути се во зелено, а некои пораснаа за над 20 проценти.

Вредноста на биткоинот во последните 24 часа се зголеми за речиси 14 отсто и со тоа достигна сума од 43.438 долари. Етереумот забележа и силен раст од 10,7 отсто, што ја подигна оваа криптовалута на износ од 2.921 долари.

Сите други криптовалути, исто така, забележаа раст од 10 на 21 отсто, колку што скокна Terra утринава.