Издавачот и производител на видео игри, Electronic Arts, објави на Твитер дека е во процес на отстранување на руските репрезентации и професионални клубови од следните спортски видео игри – NHL 22, FIFA 22, FIFA Online и FIFA Mobile.
Според компанијата, одлуката била донесена во согласност со нивните партнери во FIFА, UEFA и IIHF, бидејќи и тие на крајот им забраниле на руските тимови да се натпреваруваат. Покрај тоа, IIHF ја прошири забраната на белоруските тимови, па по неа ќе следи NHL 22.
EA наведува дека го започнала процесот на отстранување, но моментално е неизвесно кога играчите ќе ја забележат оваа промена. Сигурно треба да се напомене дека одлуката нема да влијае на поединечни руски и белоруски играчи, кои ќе продолжат да се појавуваат, на пример, во Ултимејт тимот.
„EA Sports е солидарна со украинскиот народ и, како и многу други ширум светот на фудбалот, повикува на мир и крај на инвазијата на Украина“, се вели во соопштението.