Огромни толпи се формираа во стоковните куќи Икеа во Русија, откако шведската компанија најави затворање на продавниците во руските градови почнувајќи од 4 март. Русите се во паника и ги купуваат последните парчиња мебел и залихи, пренесува Tportal.hr.
„Војната има огромно влијание врз луѓето и резултира со сериозни нарушувања во синџирот на снабдување и трговските услови, така што групите одлучија привремено да ја паузираат работата на Икеа во Русија“, велат сопствениците на брендот Интер Икеа и Ингка Груп.
In Russia, IKEA stores are closing up shop and a mass amount of people flood the store #Russia pic.twitter.com/1KoFKt2LgN
— Jayden X (@ijaydenx) March 3, 2022
Интер Икеа е задолжен за снабдување додека Групацијата Ингка е водечка светска компанија за малопродажба. Во Русија има 17 продавници и еден дистрибутивен центар. За 12 месеци, до крајот на август 2021 година, Русија беше десеттиот пазар на Икеа, со удел во приходите од четири проценти.
Одлуката за прекин на работата во Русија влијае на 15.000 вработени, а шефот на малопродажните операции на Групацијата Ингка Толга Ончу во интервју рече дека сите работници ќе добиваат плати, во рубљи, најмалку во следните три месеци.











