Светска банка: Војната во Украина ќе го намали глобалниот раст

„Војната во Украина е „катастрофа“ за светот, која ќе го намали глобалниот економски раст“, ​​изјави претседателот на Светска банка Дејвид Малпас.

„Војната во Украина доаѓа во неповолен момент за светската економија, бидејќи инфлацијата зема залет“, рече Малпас во интервју за Би-Би-Си, нагласувајќи дека, сепак, најмногу го загрижува „ загубата на човечки животи“.

Според него, економското влијание на војната се протега надвор од границите на Украина, а растот на светските цени, особено на енергијата, „најмногу ги погодува сиромашните, како и инфлацијата“.