За прв пат од 2008 година цената на нафтата надмина 129 долари за барел

Цената на нафтата Брент е 130 долари за барел, за прв пат од 2008 година, покажуваат податоците на берзата. Цената на мајските фјучерси за нафтата Брент скокна за 9,35 отсто – на 129,06 долари за барел.  Априлските фјучерси за марката WTI се зголемија за 9,68 отсто на 126 долари за барел.

Додека во еден момент нафтата се купуваше и за 130,89 долари за барел.

Во 2012 година највисоката цена на нафтата Брент беше 128 долари.

Инаку, историскиот максимум за нафтата Брент беше постигнат во 2008 година и изнесуваше над 143 долари за барел.

Цената на нафтата расте како резултат на руската специјална операција во Украина. Како одговор на постапките на Москва, Западот почна масовно да воведува санкции против Руската Федерација.