Тимот на популарниот бенчмарк Geekbench реагираше на скандалот околу перформансите на новите водечки паметни телефони на Samsung од серијата Galaxy S22, отстранувајќи ги од својата база на податоци.
Претходно Samsung објави дека ги намалува перформансите на Galaxy S22 поради услугата за оптимизација на игри и дека тоа го прави делумно за да спречи прегревање за време на долгите периоди на „гејмање“.
Компанијата, исто така, вети дека ќе објави ажурирање за своите водечки паметни телефони, што ќе им даде на корисниците можност да им дадат приоритет на перформансите, потсетува XDA Developers.
Geekbench, од друга страна, спроведе интензивно интерно тестирање и идентификуваше модели на Samsung кои ја користат услугата за оптимизација на игри. Како резултат на тоа, компаративните податоци за водечките паметни телефони Galaxy во изминатите четири години се отстранети од базата на податоци:
* Samsung Galaxy S22 (сите модели)
* Samsung Galaxy S21
* Samsung Galaxy S20
* Samsung Galaxy S10 (сите модели)
Тековната политика на Geekbench е дека штом уредот ќе се отстрани од базата на податоци, нема враќање назад. Дури и кога Samsung ќе го објави ажурирањето, сите паметни телефони Galaxy S22, S21, S20 и S10 ќе останат надвор од Geekbench.
Меѓу санкционираните уреди се „евтините“ предводници – како што се Galaxy S20 FE и Galaxy S21 FE.
Дополнително, Samsung сè уште не објави кога планира да ја објави ветената надградба.