Instagram ги повлекува Boomerang и Hyperlapse од продавниците за апликации

81

Instagram не се поздрави само со апликацијата IGTV, бидејќи, како што пишува TechCrunch, многумина забележале дека самостојните апликации Boomerang и Hyperlapse исчезнале од продавниците за апликации.

Boomerang беше достапен за Android на Google Play преку директна врска, но пребарувањата не дадоа резултати.

Меtа вели дека Instagram ги повлекол апликациите „за подобро да се фокусира на главната апликација (Instagram).

Податоците на Apptopia сугерираат дека Instagram ги повлекол Boomerang и Hyperlapse од продавниците по 1 март. Boomerang сè уште беше релативно популарна апликација, со просечни 26.000 преземања дневно, пред да биде прекината, вели Apptopia.

Сепак, ова не е преголемо изненадување.

Апликациите Boomerang и Hyperlapse се појавија во време кога телефоните имаа ограничени перформанси. Hyperlapse понуди подобро искуство за снимање видео на некои уреди. Сепак, овие апликации се веќе интегрирани во главната апликација на Instagram.

Апликацијата Layout, која се користи за креирање колажи, сè уште е достапна за преземање, но бидејќи веќе е интегрирана во главната апликација на Instagram, се очекува и нејзино повлекување од продавниците за апликации.