Google денеска објави дека ќе ја купи компанијата за сајбер безбедност „Mandiant“ за 5,4 милијарди долари во готовина, поради силниот раст на бизнисот во сегментот на „cloud computing“.
Гигантот во сопственост на „Alphabet“ понудил цена од 23 долари за акција, што е премија од околу 53 отсто во однос на цената на акциите на „Mandiant“ пред медиумите да пишуваат дека конкурентската компанија Microsoft размислува да ја купи таа сајбер компанија, пренесе „Ројтерс“.
Стекнувањето би можело да го зајакне бизнисот со облачни услуги на Google, кој генерира повеќе од 19 милијарди долари годишно, но губи милијарди долари годишно, и да и помогне на компанијата да се натпреварува во конкуренција со посилниот конкурент, Microsoft.
Активноста на „Mandiant“ е фокусирана на одговор на сајбер инциденти и тестирање на сајбер безбедноста.