Србија ќе го сопре извозот на масло, пченица, пченка и брашно од четврток, кажа претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Зборувајќи за ситуацијата со пченката и пченицата, Вучиќ кажа дека чека Русија да го забрани извозот на тие две житарки.
„Имаме предност само кај пченицата и пченката“, кажа српскиот претседател.
Додаде дека од четврток повеќе нема да има извоз на брашно од Србија, истакнувајќи дека Србија ќе има доволно за себе и за регионот.
„Не заборавајте дека ова ни се надоврзува на коронакризата, луѓе умираат, никој повеќе не зборува за тоа, бидејќи целиот свет се урива пред нас“, кажа тој.
Поради тежината на светската економска криза, Вучиќ наведе дека Европската Унија се спрема за рецесија, а Србија планирала раст од 4 отсто оваа година.











