Нестле ги суспендира инвестициите во Русија, но продолжува да работи

Водечката светска групација за храна Нестле објави дека ги суспендирала сите капитални инвестиции во Русија по рускиот напад на Украина.

Швајцарската компанија, која претходно ги суспендираше сите рекламни активности во Русија, додаде дека ќе продолжи да ја снабдува земјата со основните прехранбени производи, пренесува Ројтерс.