Дојче банк (Deutsche Bank), најголемата банка во Германија, се приклучи на егзодусот на западните компании од Русија.
Банката ја објави веста на својата веб-страница, истакнувајќи дека е „во процес на затворање на својот бизнис во Русија и дека повеќе нема да работи таму“.
Германскиот банкарски гигант понатаму наведува дека „најостро ја осудува руската инвазија на Украина и дека ја поддржува германската влада и нејзините сојузници во одбраната на демократијата и слободата“.
„Да појасниме: Дојче банка веќе значително ја намали својата изложеност во Русија од 2014 година. Како и некои меѓународни компании, и во согласност со нашите законски и регулаторни обврски, ние сме во процес на затворање на нашиот преостанат бизнис во Русија, се вели во соопштението.
Според Ројтерс, оваа банка има заеми во Русија во износ од 1,4 милијарди евра. Таму има и технолошки центар во кој се вработени 1.500 компјутерски експерти. Покрај Дојче банка, заминување од Русија најавија и Голдман Сакс и Морган Чејс од САД.











