YouTube Vanced, апликацијата која на корисниците им обезбедуваше „повеќе од YouTube“, официјално ќе биде затворена за неколку дена. Зад тоа стои фактот дека Google испрати писмо до сопствениците на Vance за укинување на проектот, што ги принуди програмерите да престанат да ја дистрибуираат и развиваат апликацијата.
„Vanced се укинува. Врските за преземање ќе бидат отстранети во наредните денови. Знаеме дека ова не е нешто што сакате да го слушнете, но тоа е нешто што треба да го направиме. Ви благодариме на сите што не поддржувавте низ годините“, напиша тимот кој стои зад Vanced на Twitter.
Ситуацијата накратко ја коментираше и еден од администраторите на Vanced за The Verge, велејќи дека од нив било побарано да ги отстранат сите референци на YouTube и да го променат логото и да ги отстранат сите линкови до производите на YouTube.
Тимот на Vanced забележува дека апликацијата ќе продолжи да работи на веќе инсталирани уреди со Android, но бидејќи нема да има повеќе ажурирања, најверојатно, велат тие, ќе застари за околу две години.