Шефот на Светска банка: „Не трупајте гориво и храна, сè ќе има“

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас упати апел до нациите и компаниите ширум светот.

Тој апелираше до сите луѓе да не складираат храна и бензин, и покрај зголемените цени поради ситуацијата во Украина и острите санкции против Москва, објави Ројтерс.

Малпас на виртуелен настан организиран од Вашингтон пост рече дека санкциите ќе имаат поголемо влијание врз глобалното економско производство отколку самата војна.

Тој исто така рече дека очекува силен одговор од производителите ширум светот за зголемување на залихите и дека не гледа потреба луѓето да имаат дополнителни залихи во нивните кујни или ресторани.

„Вистинската работа во овие околности не е да се излезе надвор и да се купат дополнителни залихи на бензин, туку да се разбере дека светот е динамична глобална економија и дека ќе одговори на вистински начин. Сè ќе има доволно“, рече тој.