Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе се обрати на церемонијата организирана од Министерството за економија по повод 28-ми август Ден на рударите.
Во хотелот Александар Палас во 11 часот, Сарачини ќе ги додели плакетите за најдобри рудари, номинирани од нивните работодавачи, за постигнатите работни резултати во текот на минатата година.
Планирано е на настанот да се обрати и Деканот на факултетот за природни и технички науки од Штип Зоран Манов и претседателот на Македонската асоцијација на рударите Николајчо Николов.