Русија размислува да прифати биткоин за извоз на нафта и гас

Соочена со построги западни санкции поради нападите врз Украина, Русија размислува да прифати биткоин како средство за плаќање за извоз на нафта и гас, пишува CNBC.

Павел Завални, претседател на енергетскиот комитет на руската Дума, на прес-конференција во четвртокот изјави дека Русија е подготвена да биде пофлексибилна во однос на опциите за плаќање кога станува збор за „пријателски“ земји како Кина или Турција.

Како што објасни тој, Москва размислува да ги прифати националните валути на купувачите, како и биткоинот, како алтернативни начини на плаќање за рускиот извоз на енергија.