Маск сериозно размислува за изградба на нова платформа за социјално вмрежување

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, „сериозно размислува“ да изгради нова платформа за социјално вмрежување, објави милијардерот во саботата на Твитер.
Маск одговори на прашањето на корисник на Твитер дали размислува да создаде нова платформа за социјално вмрежување која ќе содржи алгоритам со отворен код и која ќе и даде приоритет на слободата на говорот, каде пропагандата е минимална.

Маск, и самиот активен корисник на Твитер, неодамна беше критичен кон платформата на социјалната мрежа и нејзините политики. Тој рече дека компанијата ја поткопува демократијата бидејќи не се придржува до принципот на слобода на говор.

Неговите твитови беа објавени откако на Твитер објави анкета во која ги прашува корисниците дали веруваат дека Твитер се придржува до принципот на слобода на говор, а повеќе од 70 проценти одговориле со „не“.

„Последиците од оваа анкета ќе бидат важни. Ве молиме гласајте внимателно“, рече тој во петокот.

Доколку Маск одлучи да изгради нова социјална платформа, ќе се приклучи на се поголем број технолошки компании кои се позиционираат како шампиони на слободата на говорот и се надеваат дека ќе привлечат корисници кои сметаат дека го задушуваат слободниот говор на платформи како Твитер, Фејсбук во сопственост на Мета платформи и You Tube.