Јапонија забрани извоз на луксузни стоки во Русија

Јапонија од 5 април ќе забрани извоз на луксузни стоки во Русија, соопшти јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.
Како што се наведува, забранет е извоз на луксузни автомобили, мотоцикли, алкохолни пијалоци, козметика, модни предмети и уметнички дела.

Јапонскиот генерален секретар Хироказу Мацуно изјави дека од јапонските компании ќе се бара да одбијат доколку Русија бара плаќање во рубљи за економските трансакции, особено во енергетскиот сектор.

На 23 март, рускиот претседател Владимир Путин даде инструкции да почнат да се наплаќаат во рубљи за испорака на руски гас до „непријателските земји“.