Крипто милијардерот Сем Банкмен-Фрид- сè што ќе заработи во текот на една година го донира

349

Основачот на крипто менувачницата FTX, Сем Банкмен-Фрид, не одговара на вообичаениот опис на супербогатите. На само триесет години, тој ги одржува своите деловни состаноци со шефовите на инвестициските банки преку интернет од удобноста на неговиот дом на Бахамите, додека во исто време игра видео игри и се замислува како Робин Худ.

Магазинот Форбс вво најновата листа на најбогати луѓе во светот го рангира на првото место на „новонастанати“ крипто милијардери со имот проценет на 24 милијарди американски долари, додека индексот на милијардери на Блумберг го вреднува неговото лично богатство на „повеќе од 20 милијарди долари“.

Неговата идеја да се однесува како „Робин Худ“ се рефлектира во тоа што сè што ќе заработи во текот на една година го донира во добротворни цели, до границата од 100.000 долари годишен приход, за што верува дека е доволно за да живее „удобно“.  Значи не купува јахти, замоци и острови како некои негови колеги.

Според Блумберг овој 30-годишник спие покрај својот компјутер на вреќа полна со грав и носи навидум одлуки на „првата топка“. Така, на барање да се сретне со директорот на голема инвестициска банка, тој го одби.

Тој е добредојден гостинна холивудските забави и забавите на познатите личности. После една таква забава, пејачката Кети Пери на својот Инстаграм профил се пошегува дека „ќе го напушти пеењето и ќе се вработи како секретарка во FTX бидејќи условите за работа таму се одлични“. Инаку, Пери е на прагот да стане милијардерка, а најмногу заработила во светот на музиката од почетокот на пандемијата.

Склон е кон деловни ризици. За неговите работни навики се вртат легенди. Велат дека е толку посветен на работата што понекогаш заборава да се капе со денови, не се грижи многу за спиење, па дури и за зближување со луѓето, бидејќи тоа за него е губење време. Целото време го посветува на работата, помешано со играње видео игри, пренесува Biznis.rs.

Планира да изгради ново седиште во Насау, Бахамите, со поглед на океанот. Зградата е дизајнирана да прими 1.000 вработени.

Фото: Facebook