Samsung ќе им овозможи на корисниците сами да ги поправаат Galaxy уредите

58

Samsung соработува со iFixit за да започне програма за самопоправка на телефони и таблети Galaxy. Оваа програма, за почеток, ќе биде достапна во САД, а официјално ќе биде пуштена во употреба во текот на летото.

Засега компаниите не објавија многу детали, но познато е дека корисниците ќе имаат можност да нарачаат оригинални делови и алатки за поправка, а ќе им бидат достапни и „чекор по чекор“ инструкции.

Се разбира, ова нема да важи за сите поправки, туку за некои што често се случуваат, како што е замена на стаклената задна плоча, замена на дисплејот или приклучокот за полнење на уредот.

Планирано е со оваа програма првично да бидат вклучени Galaxy S20 и S21, како и таблет Galaxy Tab S7 +. Со текот на времето, бројот на поддржани уреди ќе се прошири, а корисниците ќе можат да испраќаат заменети делови до Samsung на рециклирање.

Фото: Pixabay