Руското надзорно тело за телекомуникации, Ромскомнадзор денеска објави дека ќе го казни Google за кршење на руските закони, пренесе Ројтерс.
Роскомнадзор го обвинува YouTube дека станал „една од главните платформи за ширење лаги и лажни слики за текот на „специјалната воена операција“ на територијата на Украина, како и за дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација“.
Телото наведува дека мерките против Google, кој е во сопственост на компанијата Alfabet, ќе останат во сила додека не се усогласи со руските закони.