Цената на нафтата повторно расте

92

Прекинот на испораките од Либија и предупредувањето од Русија за потенцијалниот рекорден пораст на цените доколку повеќе земји го забранат увозот на нејзините извори на енергија ги вознемири купувачите и доведоа до ново поскапување на нафтата утринава.

Цената на светската референтна нафта Брент порасна за 0,28 отсто на 112 долари за барел, а американската нафта ВТИ поскапе за четвртина процент и се тргува на ниво од 107,2 долари за барел, покажуваат најновите податоци на порталот oilprice.com.

Според извештаите на медиумите, две либиски пристаништа биле принудени да го прекинат товарењето на нафтата по протестот против премиерот Абдул Хамид Дбеиба, а производството било запрено на полето Ел Филу, каде дневно се испумпуваат 65.000 барели, пишува Блумберг.