Околу 200.000 граѓани на Москва се изложени на ризик да ги загубат своите работни места поради санкциите

51

Околу 200.000 вработени во странски компании во Москва би можеле да останат без работа, изјави градоначалникот на руската престолнина, опишувајќи ги последиците од западните санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

„Според нашите проценки, околу 200.000 луѓе се во опасност да ги загубат своите работни места“, рече градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин во блог пост.

Тој рече дека минатата недела властите одобриле програма вредна 41 милион долари за поддршка на граѓаните на Москва при вработување.

„Пред сè, програмата е наменета за вработените во странски компании кои привремено ја прекинаа својата работа или одлучија да ја напуштат Русија“, рече Собјанин.

Стотици, главно западни компании, најавија прекин на нивните активности или заминување од Русија откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина на 24 февруари.