Се очекува дека транзитот на руски гас преку украинскиот гасоводен систем денеска ќе биде за половина помалку од договорните обврски на Гаспром – нешто помалку од 55 милиони кубни метри од речиси 110 милиони кубни метри.
Тој заклучок доаѓа од податоците на GTS операторот на Украина, пренесува ria.ru.
Во меѓувреме, Газпром објави и дека „редовно испорачува гас за транзит низ Украина, во согласност со барањата на потрошувачите“, и дека испораката на 19 април изнесува 54,8 милиони кубни метри, соопшти компанијата.