Рубљата зајакна за 0,6% во однос на доларот на Московската берза

41

Руската рубља зајакна во однос на доларот во утринското тргување, се „лизна“ во однос на еврото, а цените на државните обврзници достигнаа највисоко ниво од 21 февруари поради очекувањата дека централната банка наскоро повторно ќе ја намали референтната каматна стапка.

Рубљата поскапе за 0,6 отсто во однос на доларот на 79,30 рубљи во 7:38 часот по средноевропско време, додека ослабе за 0,2 отсто во однос на еврото на 83,97 рубљи за евро, според Ројтерс.

Според британската агенција, движењето на рубљата е вештачки ограничено со одлуката за контрола на капиталот што Русија ја воведе на крајот на февруари како одговор на ударот што нејзиниот финансиски сектор и економија го претрпеа поради невидените западни санкции.