Што опфаќа шестиот пакет санкции на ЕУ за Русија

57

„Шестиот пакет санкции подразбира целосна забрана на увозот на сите руски нафти, поморски и копнени цевководи, и сирова нафта и рафинирана“, рекла Фон Дер Лајен.

Шестиот пакет санкции вклучува и исклучување на Сбербанк и други поголеми руски банки од „SWIFT“.

„Ќе го прекинеме снабдувањето со сирова нафта од Русија во рок од шест месеци, а увозот на рафинирани производи до крајот на годината“, рекла претседателката на Европската Комисија.

Инаку, цените на нафтата денеска пораснала не почетокот на азиското тргување, откако податоците на здруженијата на американската нафтена индустрија покажале дека резервите на црното злато и горивата паднале минатата недела.

Најмногу отпор кон ембаргото на руската нафта доаѓа од Германија што наиде на многу критики од Украина, за на крајот Берлин да ја подржи забраната откако успеа да набави залихи на нафта од алтернативни извори.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек минатата недела соопшти дека Берлин го намалил увозот на руска нафта, и тоа од 35 на 12 отсто за само осум седмици.

Според истражувањата спроведени од Центарот за истражување на енергија и чист воздух, од почетокот на војната во Украина ЕУ увезла руски фосилни горива во вредност од 44 милијарди евра.