Кој е најкупуваниот смартфон од почетокот на годината?

77

И покрај сериозните проблеми со снабдувањето и недостигот на компоненти, еден од најскапите паметни телефони на пазарот се најде на врвот на најпродаваните модели од почетокот на годината.

iPhone 13 на Apple е главен фаворит во првиот квартал од 2022 година, според аналитичарот на IDC, Франциско Џеронимо.

IDC не дава информации за вкупниот број продадени уреди, како и за нивниот удел на пазарот.

Сепак, компанијата потсетува дека iPhone 12 и iPhone 11 беа најпродаваните телефони во 2021 и 2020 година, па затоа лидерството на iPhone 13 не е изненадување, информира ixbt.com.

Овој модел на Apple е достапен во САД за 800 долари со Apple A15 Bionic SoC, двојна камера, 6,1-инчен дисплеј и iOS 15.

6,7-инчниот iPhone 13 Pro Max, пак, го зазеде почесното второ место во првиот квартал од 2022 година.

Ова е доказ дека луѓето се подготвени да платат повеќе за голем екран, подобра камера и подобро траење на батеријата.

Во исто време, 6,1-инчниот iPhone 13 Pro е рангиран на четвртото место по популарност, додека iPhone 13 mini со својот 5,4-инчен екран не стигна до првите пет.

Експертите го објаснуваат ова со гласините дека компанијата од Купертино има намера да се откаже од iPhone mini.

IDC наведува дека сите претставници на серијата iPhone 13 носат 83% од вкупниот приход од iPhone за првите три месеци од 2022 година. Останатите проценти се поделени помеѓу iPhone SE (2022) и постарите модели iPhone 12 и iPhone 11.