Шефот на ИЕА: Високите цени на нафтата се ризик за економското закрепнување

41

Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол денеска оцени дека високите цени на нафтата претставуваат ризик за економско закрепнување ширум светот, а особено за земјите во развој кои се зависни од увоз на нафта.

„Тоа е голем ризик, заедно со цените на храната кои се многу, многу високи, што може да биде активирач што ќе го турка светот во рецесија чекор по чекор“, рече Бирол во интервју за CNBC на Светскиот економски форум во Давос.

„Според мене, тие пари треба да се инвестираат во зголемување на капацитетот за да се заменат руската нафта и гас како традиционални ресурси“, рече Бирол.

Фото:facebook