Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас предупредува дека руската инвазија на Украина може да предизвика глобална рецесија бидејќи цените на храната, енергијата и ѓубривата ќе скокнат.
Обраќајќи се на деловен настан во Соединетите држави организиран од Американската стопанска комора, Малпас рече дека е тешко „да се види како да се избегне рецесија“, истакнувајќи дека загриженоста расте и го забавува растот во Кина поради серијата корона заклучување.
„Мислата за удвојување на цените на енергијата сама по себе е доволна за да предизвика рецесија“, рече Малпас.