Единството на ЕУ почнува да се распаѓа предупредува германски министер

70

Германскиот министер за економија Роберт Хабек во неделата изрази загриженост поради „колапсот“ на единството на Европската унија пред самитот на кој ќе се разговара за ембаргото на руската нафта и планот за ставање крај на зависноста од руската енергија.
Лидерите на ЕУ ќе се состанат во денеска и утре за да разговараат за новиот пакет санкции против Русија, кој би можел да вклучи ембарго на нафта и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и рускиот гас, пренесува SeeBiz.

„По почетокот на рускиот напад на Украина, видовме што може да се случи ако Европа биде обединета. Се надеваме дека единството ќе се покаже на самитот, иако тоа веќе почна да се урива“, рече Хабек на прес-конференција.

Европските земји во петокот се обидоа да постигнат договор за ембарго на поморски испораки на руска нафта со тоа што ќе дозволат испораки по нафтоводи, како компромис што може да ја освои Унгарија и да ги деблокира новите санкции наметнати на Москва.

Хабек ја повика Германија да зборува во еден глас на самитот, наместо да се воздржува од гласање поради разликите во мислењата во германската владејачка коалиција. Тој повика и на слично единство на земјите-членки на ЕУ.

„Европа е сè уште огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, може да ја искористи таа моќ“, рече Хабек на отворањето на саемот во Хановер.