Лукоил: Проблемот на бензинската станица Охрид 1 е надминат

74

Преку соопштение испратено до медиумите, компанијата ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје  информираше дека е отстранет техничкиот проблем на бензинската станица Охрид 1.

“Во врска со техничкиот проблем, настанат на бензинската станица Охрид 1 на 30 август 2013 година, ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје информира дека станува збор за изолиран случај од техничка природа, којшто веднаш е отстранет и бензинската станица работи во вообичаен режим. Проблемот што се појави, настана како резултат на пропаѓање на земјата од зазеленетата површина на бензинската станица, што доведе до напукнување на технолошка цевка од резервоарот до автоматот за точење гориво што доведе до вшмукување на подземни води. Брендираното гориво ЕКТО на ЛУКОИЛ не дозволува смешување на водата со горивото и веднаш ги дели овие две фракции. Ова овозможи веднаш да биде утврден и отстранет техничкиот проблем на бензинската станица. Kомпанијата веднаш ги презеде сите неопходни активности за сервисирање и отстранување на настанатите проблеми на сите единаесет корисници – патнички возила, кои во моментот на појавување на дефектот биле опслужени на бензинската станица на ЛУКОИЛ Македонија во Охрид. Водено компанијата уште еднаш им се извинува на клиентите за причинетата недобност”, се вели во соопштението.

Според нив, злонамерните и тенденциозни летоци дистрибуирани вчера утрото со кои се изнесуваат невистини, претставуваат груб и неуспешен обид за нарушување на угледот на компанијата.

“ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје на оваа бензинска станица, како и на сите останати бензински станици од мрежата на ЛУКОИЛ продолжува со испорака на горива со врвен квалитет, кои целосно се во согласност со Правилникот за квалитет на течните горива, националните и меѓународните стандарди за квалитет на течните горива”, се додава во соопштението.