Како што се зголемува бројот на електрични автомобили, така расте и потребата за станици за полнење на батериите.
Проект на компанијата EV Safe Charge нуди решение во вид на уникатен робот наречен ZiGGY, – поточно мобилна станица со бројни можности.
Роботот поседува два големи екрани на кои може да се најдат најважните информации, а емитува и реклами.
Најважната опција е далечинско нарачување на полнење, а ZiGGY ќе се потруди да ви сочува паркинг место. Кога ќе ја заврши работата, ќе се врати на првичната позиција да наполни резервоар и да почека нов клиент.