Дизајнерска облека за аватари – Мета отвора онлајн продавница за дигитална облека

57

Сопственикот на Facebook, компанијата Мета, лансира дигитална продавница во која корисниците ќе можат да купуваат облека специјално дизајнирана за нивните аватари, најави извршниот директор на компанијата Марк Цукерберг. Првите брендови во продавницата се Balenciaga, Prada и Tom Brown.

Мета отвора виртуелна продавница во која корисниците на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер ќе можат да купуваат облека за нивниот аватар.

Портпаролот на Мета изјави дека цената на дигиталната облека за аватари ќе биде меѓу 2,99 и 8,99 долари, односно дека ќе биде многу пониска од реалната. На пример, чантите на Прада од кожа од ној ќе се продаваат за 10.700 долари.

Во објава на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека наскоро ќе има и други брендови во продавницата.

„Дигиталните производи ќе бидат важен начин да се изразите во „метаверс“ и главен двигател на креативната економија“, рече Цукерберг.

Луксузните модни куќи сè повеќе се здружуваат со технолошки компании за да создадат брендирана дигитална облека.

Минатата година компанијата Мета ги редизајнираше аватарите, кои сега се тридимензионални.