Lenovo ќе им подели 3,25 милиони долари бонус на ваботените

43

lenovoКинескиот произведувач на компјутери Lenovo на своите вработени ќе им подели годишни бонуси од три милиони долари, јавува Ројтерс.

Портпаролот Ангела Ли потврди дека за 10.000 работници во Кина и уште 19 земји се издвоени 3,25 милиони долари бонус, како признание за нивната посветеност.

Во компанијата работат околу 30.000 работници ширум светот, а 8.500 до 9.000 од тие што ќе добијат бонуси работат во Кина, додека останатите се во САД, Јапонија и други земји.

Lenovo по продажба го престигна американскиот Hewlett – Packard (HP) кој го држеше првото место последните седум години и стана најпродаван компјутерски бренд во светот.