Airbnb започна интересен проект. Компанијата формираше фонд од 9,49 милиони евра, кои ќе бидат доделени на 100 лица задолжени за амбициозната задача да создадат „уникатно сместување“.
Предлогот е упатен до дизајнери, архитекти и занаетчии од целиот свет, без разлика дали се професионалци или го развиваат својот прв проект. Тие ќе добијат до 95.000 евра за изградба на „вистински уникатни“ простори, се вели во соопштението на компанијата.
Група експерти ќе ги оценуваат пристигнатите предлози, пишува „Идеалиста“.
Гостите се повеќе бараат „оригинални простори кои сами по себе се дестинација“, според Airbnb.
Рокот за поднесување барања за единствениот фонд за сместување веќе започна и трае 30 дена, до 22 јули 2022 година.
Фото: Pixabay