Според неодамнешниот извештај на Counterpoint Research, Apple имал пазарен удел од 62 отсто во глобалниот сегмент на премиум смартфони во првиот квартал од оваа година, односно оние кои се поскапи од 400 долари.
Со други зборови, два од секои три паметни телефони продадени над 400 долари биле iPhone. Според податоците, во првиот квартал од 2022 година, 23 отсто од корисниците на премиум сегментот одлучиле да го купат iPhone 13, 13 отсто од нив ја избрале верзијата Pro Max, додека верзијата Pro била избор за девет отсто од нив.
На четврто место е iPhone 12, кој го избрале осум проценти од клиентите, додека на петто е Samsung Galaxy S22 Ultra 5G, како најпродаван Android телефон во премиум сегментот.
Бидејќи премиум сегментот вклучува телефони поскапи од 400 долари, ова исто така значи дека некои уреди од средната класа можат да спаѓаат во оваа категорија, како што е моделот Samsung Galaxy A53 5G, кој е популарен избор за многу корисници.