Mercedes Vision EQXX го собори сопствениот рекорд – 1.202 км со едно полнење

46

Целосно електричниот Mercedes Vision EQXX успеа да помине 1.202 километри со едно полнење за време на неодамнешното далечно патување од Штутгарт во Германија до патеката „Силверстоун“ во Англија, пишуваат „Hot Tires“.

Ова е над претходниот рекорд на автономија од 1.007 километри постигнат на рутата од Зинделфинген (Германија) до Касис во Франција.

Дводневното патување кое траеше 14 часа и 30 минути се одвиваше во исти услови во реален сообраќај со метеж. Клима уредот се користел повеќе од осум часа додека се возел.

По пристигнувањето до целта на патеката „Силверстон“, сè уште имало толку многу електрична енергија во батериите што возачот на Формула Е, Ник де Врис, го извозел EQXX уште 11 круга и достигнал максимална брзина од 140 километри на час пред конечно да остане без струја. На ова патување, Mercedes EQXX имал просечна потрошувачка на енергија од само 8,3 kWh на 100 километри. Просечната брзина била 83 км на час.

Mercedes не го открива капацитетот на батеријата EQXX освен дека е помал од 100 kWh. Пакетот батерии има 50% помал волумен и е 30 проценти полесен од оној во EQS.

Тестираниот EQXX тежи само 1.755 кг и има само еден електричен мотор од 241 КС (180 kW), што се покажа како рационална моторизација без фрлање енергија со преголема моќност.

За да се зголеми опсегот, има соларен панел на покривот што го напојува HVAC и инфозабавниот систем.