Тесла ја затвора канцеларијата во Сан Матео, отпуштени 200 работници

Тесла затвора канцеларија во Сан Матео, Калифорнија и укинува околу 200 работни места таму, како дел од пошироките напори за намалување на трошоците, беше потврдено за CNBC.

Во објектот во Сан Матео стотина вработени биле задолжени за снимање видеа од автомобилите на Тесла со цел да се подобри т.н. „систем за автопилот“, односно систем за помош на возачот додека вози.

На вработените на состанокот им било кажано дека во наредните 60 дена ќе им бидат исплатени целосните плати, а 28 јуни им бил последен работен ден. Од нив било побарано веднаш да ги остават лаптопите и беџовите на нивните бироа, а им било кажано дека ќе бидат известени преку е-пошта за отпремнините и бенефициите.