Најбогатите изгубиле 1,4 трилиони долари за шест месеци

85

Богатството на Илон Маск е намалено за речиси 62 милијарди долари. Џеф Безос изгуби околу 63 милијарди долари, а кај Марк Цукерберг намалувањето беше речиси половина, пренесува Bloomberg.

Севкупно, 500-те најбогати луѓе во светот изгубија вкупно 1,4 трилиони долари во првата половина на 2022 година, што ја означи најлошата половина година досега за глобалната класа на милијардери.

Тоа е забележително отстапување од претходните две години, кога богатството на милијардерите се зголеми во услови на невиден стимул од владите и централните банки среде пандемијата на коронавирусот.

Сопственикот на Tesla и понатаму е најбогатиот човек во светот со 208,5 милијарди долари, а по него е Безос со 129,6 милијарди долари, според индексот на милијардери на Bloomberg.

Бернард Арно, најбогатиот Французин, е на третото место со богатство од 128,7 милијарди долари, а по него е Бил Гејтс со 114,8 милијарди долари, според индексот на Блумберг. Чангпенг Жао, крипто пионерот кој дебитираше на индексот на милијардери на Блумберг во јануари со проценето богатство од 96 милијарди долари, забележа пад на неговото богатство за речиси 80 милијарди долари оваа година поради падот на вредноста на дигиталните средства.