Парк со големина на Плоштадот Македонија ќе го збогати духот на Скопје

213

Во склоп на комплексот „Гранд Скопје“ се предвидува и нов урбан парк налик парковите во  светските метрополи, најавува компанијата МГ Фешн која го гради современиот станбено-деловен комплекс „Гранд Скопје“ лоциран спроти хотелот „Холидеј Ин“.

Како што посочија од МГ Фешн, компанијата е подготвена да ја реализира оваа капитална инвестиција како донација за градот и понуди соработка со Општина Центар за уредување на овој простор со разновидно парковско зеленило по примерот на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана смарт опрема.

Паркот е предвиден на површина од близу 7.500 м2, што е приближна големина на Плоштадот Македонија, а истиот ќе претставува отворен јавен простор во кој што ќе може да уживаат сите граѓани.

„Бенефициите од изградбата на паркот секојдневно ќе ги уживаат не само жителите на ‘Гранд Скопје’, туку и сите жители на Скопје, но и пошироко, бидејќи нашата цел е овој парк, како и целиот комплекс, да прерасне во ново обележје на градот. За идните станари пак, паркот претставува исклучителна предност бидејќи ќе имаат можност својата иднина да ја градат во урбан зелен комплекс изграден по светски стандарди, и тоа во срцето на градот“, изјавија од компанијата.

Визијата на инвеститорот МГ Фешн е центарот на Скопје за прв пат да добие модерен јавен парк каков што заслужува, оплеменет со бројни квалитетни содржини од отворен карактер кои ќе го збогатат живеењеето во главниот град.

Во таа насока, во рамки на комплексот „Гранд Скопје“ во централниот дел ќе биде изградена и модерна шопинг галерија која ќе биде поврзана со паркот и која на посетителите ќе им овозможи дополнителни придобивки, како достапност до бројни кафетерии и ресторани, отворен шопинг простор, содржини за деца итн.