Рецесијата може да ја сруши цената на нафтата до 65 долари за барел оваа година

112

Цената на суровата нафта би можела да падне на 65 долари за барел до крајот на оваа година и да продолжи да паѓа на 45 долари до крајот на 2023 година доколку дојде до рецесија, која по дефиниција ја поткопува побарувачката, проценува американската банка Ситигруп.

Ова сценарио се заснова на претпоставката за отсуство на каква било интервенција на производителите од нафтената групација ОПЕК + и пад на инвестициите во нафта, според аналитичарите на Сити, според „Блумберг“.

Цената на глобалната референтна нафта Брент денеска, според последните достапни податоци, изнесува 113,7 долари за барел, а американската нафта WTI се тргува за 110,1 долар за барел.