Русија за три месеци заработила 24 милијарди долари од продажба на енергенти на Кина и Индија

51

Русија заработи 24 милијарди долари од продажба на енергија на Кина и Индија за само три месеци по почетокот на нападот врз Украина, пишува Блумберг.

Според њујоршката агенција, ова покажува колку високите глобални цени на енергијата ги ограничуваат напорите на САД и Европа да го казнат рускиот претседател Владимир Путин.

Кина потрошила 18,9 милијарди долари за купување руска нафта, гас и јаглен во трите месеци до крајот на мај, што е речиси двојно повеќе од сумата од претходната година, покажуваат најновите податоци на кинеската царина. Во истиот период, Индија издвои 5,1 милијарди долари за купување на руски енергетски производи или повеќе од пет пати повеќе од пред една година.