Бизнис секторот од Гостивар денес имаше можност да се запознае со испраќање на електронски пред-декларации, локално царинење на стоки, олеснетите царинските постапки и новите можности кои ги нуди Царинската управа на Македонија.
За поедноставените царински постапки, кои беа промовирани во март годинава, пред бизнис заедницата од Гостивар зборуваше директорот на Царината, Ванчо Каргов.
“Овие средби имаа за цел да се поттикне помасовно користење на олеснувања во спроведувањето на царинските постапки како што се стоково царинење на граничните премини, примената на поедноставените царински постапки и постапки, издавањето на дозоли. На тој начин се штеди време што од друга страна ќе го подобри економски ефект”, рече Каргов.
Работилницата е во организација на Царинската управа заедно со АМЕРИТ СИЗ Македонија Сообраќај. Ова е последната работилница во низата кои претходно се одржаа во Скопје, Штип, Струмица, Куманово, Битола и Гевгелија.