Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева оцени дека инфлацијата во светот најверојатно ќе се скроти следната година кога ќе почне да стапува во сила зголемувањето на каматите.
Според неа, глобалните каматни стапки ќе продолжат да растат до 2023 година, а дури тогаш жешките цени ќе почнат да се ладат како одговор на активностите на централната банка.
Цените на суровините, како нафтата, можеби се стабилизираа и почнаа да опаѓаат во последните месеци, но Георгиева смета дека тоа не мора да значи дека инфлацијата е скротена, туку дека тоа е реакција на пазарните играчи на ризиците од рецесија.