Шефицата на General Motors (GM) Мери Бара, најави дека нејзината компанија ќе продава повеќе електрични возила во САД од Tesla до 2025 година.
Во интервју за „АП“, Бара рече дека е уверена дека GM може да го надмине Tesla, глобалниот лидер, и да остане пред Елон Маск и неговата компанија благодарение на „електричните автомобили од високата класа“ што ќе ги продаваат по „поволни цени“.
„За навистина да достигнете 30, 40, 50% од продажбата на електрични возила, треба да дојдете до луѓе кои планираат да купат возило во опсег од 30.000 до 35.000 долари“, рече Бара.