Триглав Осигурување Живот АД Скопје во соработка со КБ Публикум инвест АД Скопје започна наградна игра при склучување на полиса за осигурување на живот, која е поврзана со вложување во инвестициски фонд Балансиран на КБ Публикум инвест.
Овој производ на Триглав Осигурување Живот прави совршен баланс помеѓу делот на премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и остатокот од премијата која овозможува загарантирано осигурително покритиe.
Наградната игра е наменета за сите полнолетни граѓани, а право на учество добива секое лице кое ќе склучи полиса за времетраење на наградната игра од 15.07.2022 година до 30.09.2022 година.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје на добитниците на наградната игра ќе додели 3 велосипеди. Извлекувањето на наградените ќе се изврши во просториите на Компанијата, на адреса Бул. 8-ми Септември бр.18/ 2, Скопје, во понеделник, 03.10.2022 година во 12.00 часот.
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни граѓани на Република Северна Македонија, освен лицата вработени кај организаторот на наградната игра, односно Групацијата Триглав, како и членовите на нивните потесни семејства.