Танкер со руско ѓубриво плови кон Соединетите Држави поради голема загриженост дека глобалните цени на ѓубривата би можеле да доведат до недостиг на храна, пишува Ројтерс.
Танкерот „Џони Ренџер“ под либериско знаме треба да пристигне во Њу Орлеанс во понеделник со околу 39.000 тони раствор на уреа амониум нитрат, ѓубриво направено со комбинирање на уреа, азотна киселина и амонијак, според извори од британската агенција и податоци од компанијата за поморското следење „Refinitiv“.
Американската комисија за меѓународна трговија оваа недела ги укина големите антидампинг и антисубвенциони давачки за уреа амониум нитрат ѓубрива од Русија во обид да го олесни недостигот и зголемувањето на цените.