Финансиските реформи на Макрон се премногу оптимистички во време на криза

71

Франција постави петгодишен план за постепено намалување на буџетскиот дефицит, кој значително порасна за време на кризата, потпирајќи се на очекувањата за силен економски раст за да избегне нагло намалување на трошоците.

И покрај „тешката економска ситуација во наредните месеци“ и „големите геополитички несигурности во енергетиката и трговијата“, министерот за финансии Бруно Ле Мер рече дека економскиот ремонт што го вети претседателот Емануел Макрон во следните пет години треба да го поттикне годишниот раст на 1,8 проценти во 2027 година и да доведе до ниво на невработеност од пет проценти.

Како што пишува Блумберг, таа економска позадина, комбинирана со целта за ограничување на годишниот раст на трошоците на најниско ниво во последните две децении од 0,6 отсто, би го довело буџетскиот дефицит под три отсто до крајот на вториот мандат на Макрон во 2027 година.

„Оваа програма за стабилност се заснова на францускиот раст кој ќе напредува побрзо од јавната потрошувачка и тоа е она што ја прави сериозна политичка порака за јавните финансии“, рече францускиот претседател.

Стратегијата за обновување на француските финансии по зголемувањето на трошоците за време на пандемијата „Ковид-19“ веќе е засенета од потенцијалните ризици.

Откако го загуби мнозинството во парламентот, не е јасно дали Макрон ќе има поддршка за ремонт на пензискиот систем и бенефициите за невработеност, за кои се надева дека ќе ја намалат невработеноста и ќе ја зајакнат економската активност доволно за да се подобрат јавните финансии.

Францускиот претседател би можел да се соочи и со противење кога ќе ги намали трошоците на локалните власти, додека другите мерки би можеле да бидат одложени. Намалувањето на даноците на наследство, на пример, како што вети Макрон за време на неговата кампања, во моментов не се приоритет бидејќи фокусот е на намалување на даноците на претпријатијата, според Министерството за финансии.

Згора на тоа, прогнозите на француските програми за стабилност честопати излегуваа премногу оптимистички, дури и кога претседателите имаа мнозинство во парламентот.

Центарот за економски истражувања OFCE соопшти дека очекува Макрон да ја пропушти целта за буџетскиот дефицит и дека невработеноста ќе се зголеми, а не да опаѓа, во следните две години, достигнувајќи 7,5 отсто во 2027 година.